
Данската принцеза Мери, како и многу нејзини сограѓани, е голем љубител на велосипедот.
Токму затоа Данците не се изненадени од фотографијата на која се гледа како своите деца ги носи во градинка со велосипед, и тоа по снегот и на ниски температури.
Светот, пак, е воодушевен и изненаден – освен што таа се грижи за природната средина, не се издвојува од работничката класа со скапи возила, како што прават повеќето членови на кралските семејства низ светот.
Мери е одличен пример за своите деца и за многу родители.
Фотографиите на кои се гледа како на снег и на минусни температури ги вози своите близнаци до градинка во Копенхаген станаа вистински хит на социјалните мрежи.
За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Данска
