Граѓаните кои примиле вакцина против коронавирус и кои имаат развиено имунитет, ќе можат да пазаруваат без да направат тест КОВИД-19 и да патуваат без карантин.
Ова го изјави шефот на Министерството за здравство на Германија Јенс Шпан во интервју за „Билд ам Зонтаг“.
„Оние што ја примиле вакцината ќе можат да пазаруваа или да одат во салони за убавина и фризерски салони без тестови.
Исто така, според институтот Роберт Кох, повеќе нема да биде потребно да почитуваат карантин”, рече Шпан.
Германија во моментов е под карантин, а конечната одлука за натамошни мерки ќе биде донесена по минувањето на третиот бран на коронавирус.