Во Германија ќе се менува Законот за авторски права

Германската Влада денеска ги прифати нацрт реформите на Законот за авторски права со кои подобро би се регулирале авторските права на интернет.

Со реформите е предвидено платформите како ЈуТјуб и  Фејсбук во иднина ќе треба да одговараат за авторски матреријали како музиката, фотографиите или текстовите, а прашањето за обештетување за авторските права ви се решавало преку откупување на лиценци. Користењето на музички или видеоматеријали во траење до 15 секунди или 160 текстуални знаци би било опфатено со така нареченото паушално правило.

Предвидено е и правило по кое сопственикот на авторски права би можел да ја тужи пкатформата која без негово знаење или одобрување поставила заштитен материјал на интернет.

Законот мора да биде одобрен во двата дома од Парламентот, а одлуката на ниво на Европска унија треба да биде донесена до јуни годинава.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија