Германија најавува олеснети мерки за вакцинираните

Германскиот епидемиолошки институт „Роберт Кох“ објави дека не постои ризик од пренесување на инфекцијата кај вакцинираните против коронавирус, по што германскиот министер за здравство објави олабавени мерки за вакцинираните.

„Кој е целосно вакциниран во иднина, мора да се третира како да има нов негативен тест за коронавирус“, рече министерот за здравство Јенс Шпан во денешното интервју за неделното издание на весникот „Билд“.

Шпан го цитира извештајот на државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“, кој покажува дека луѓето кои се целосно вакцинирани имаат помали шанси да пренесат коронавирус отколку луѓето кои се тестирани негативно.

„Според последните откритија, ризикот од пренесување на коронавирус кај вакцинираните лица, најдоцна до 15-тиот ден по приемот на втората доза на вакцина, е помал отколку кај луѓето со негативен тест за коронавирус“, се вели во извештајот на Институтот „Роберт Кох“.

Според истиот институт, лицата кои примиле втора доза на вакцина треба да бидат изземени од задолжителните тестови и од карантин.

Министерот за здравство рече дека извештајот на Институтот Роберт Кох вчера бил испратен во федералните држави и дека вакцинираните треба да бидат ослободени од тестирање и самоизолација што е можно поскоро.

Вакцинираните може да имаат пристап до услугите како фризери или влегување во продавници или музеи каде што е потребен негативен тест.

„Треба да ги спроведеме новите мерки во акција во разговорите со покраинските власти во следните недели“, рече Шпан.

Според извештајот на институтот „Роберт Кох“, седумдневната инциденца на ниво на земјата благо се намалува, но сепак е над 127 над границата од 100 под која, како што е договорено од федералните и провинциските власти, можни се отстапки за мерките за затворање.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија