ВИДЕО: Повеќе од 2000 македонци на концерт во Швајцарија

Како што е познато, голем дел Македонци живеат и работат во Швајцарија која за многумина нашинци е ветена држава.

Според пописот во 2009 година во Швајцарија, Македонците сочинуваат 61.300 жители иако реалната бројка сега е многу поголема.

Најмногу ги има во поголемите градови, односно Берн, Цирих, Базел, но и во помали места и села.

Со години наназад македонската естрада беше чест гостин во локалите во Швајцарија на забави кај нашинците тама, но поради состојбата со вирусот тоа последените години исчезна.

Но по подолга пауза изминатиот викенд беше организирана голема македонска забава во Швајцарија каде што присутните покажаа колку им недостигало ова.

Во организација на Македонското друштво Пирок од Пајерн-Швајцарија се одржа првата голема забава во градот PAYERNE на која беа присутни над 2000 посетители.

Огромно БРАВО за нивната беспрекорна организација.

За забавата се погрижија Групата Круна со Џељо Дестановски , атрактивната Сани ,Ферус , Неповторливиот Спасен Силјаноски и ДНК.

Оваа забава ќе се памети долго! Нашинци беа присутни од цела Швајцарија но имаше многу гости и од Германија.

За толку посетеност е вистинскиот избор на изведуачи како Спасен Силјаноски кој е актуелен во дијаспората, Сани која е една од најактуелните фолкерки кај нас, Групата Круна кои неуморно работат на нови песни и проекти.

Да подсетиме групата Круна се создаде во време на карантини, упорно работеше на нови песни и извадоа дури три песни за нецела година со видео. Прва беше Ти си ми се, па Свадба ќе правиме па следеше Помогни ми и неколку проекти со песни во живо па стана една од најбараните групи во Македонија.

Исто така Ферус кој важи за икона и се разбира ДНК кој добро е познат во Швајцарија и често настапува тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија