Визер со нова авионска линија Скопје – Будимпешта

Денеска на скопскиот аеродром „Александар Велики“, во присуство на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, генералниот директор на ТАВ Македонија Алп Ер Тунга Ерсој и унгарскиот амбасадор Дукс Ласло Иштван, ќе биде промовирана новата авионска линија Скопје-Будимпешта.

Интересот и планот за спојување на овие два главни градови со директен лет, започна уште во 2013 година. Единствената компанија која дотогаш леташе на линијата Скопје-Будимпешта, беше унгарскиот национален авиопревозник „Malév Hungarian Airlines“, сè додека оваа компанија не прогласи банкрот во 2012 година. Авиокомпанијата беше еден од најголемите превозници на Скопскиот аеродром, со оглед на значителната бројка на патници кои ја користеа Будимпешта за да продолжат до повеќе дестинации во западна Европа и САД.

Новата рута Скопје-Будимпешта ќе се реализира два пати во неделата, во среда и недела, а почетната цена на билетите изнесува 899 денари.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија