За многу млади девојки да се биде стјуардеса е животен сон. Патувања на егзотични места, престојување во луксузни хотели и постојана забава. Но, за четириесетгодишната Менди Смит од Тисајд, да се биде стјуардеса не е само тоа.
Таа во својата книга под наслов „Cabin Fever: The Sizzling Secrets of a Virgin Air Hostess“ која ја објави минатата година, пишува за сите незгоди со кои се соочила во нејзината 10 годишна кариера како стјуардеса.
Имало ситуации кога патниците кон неа фрлале храна, за време на еден од летовите една патничка претрпела спонтан абортус во WC-то во авионот, а во сите тие ситуации таа требало да ја задржи професионалноста.
„Работиме од 3 часот наутро, но и од 21 часот навечер, па со денови не го гледаме семејството. Се забавувавме премногу, но тоа го изоставив бидејќи не сакав да изгледа како само тоа да сме го правеле“ – кажала таа. „Еден маж ми фрли пица во лице, рече дека не е доволно добра за да ја јаде неговиот син. Со глава удри еден мој колега и му го раскрвави носот, додека се обидуваше да го смири.“ – раскажала Менди.
Освен за сите незгоди, Менди во својата книга пишува и за скандалите за кои таа била сведок.
„На едно патување во првата класа имаше бизнисмен кој беше во придружба на една млада девојка. Ги послужувавме со пијалаци, а тие очигледно убаво се забавуваа. После некое време дојде друга жена да го види која се испостави дека е негова сопруга и патува во економската класа. Таа немаше поим што се случува. Сите останавме запрепастени.“
Во друга прилика една од стјуардесите била фатена како орално задоволува еден член на бенд, поради што добила отказ на самото место.
Имало и ситуација кога Менди морала да шие маж чии конци на стомакот пукнале. Колку и да биле трауматични ситуациите, таа и остатокот од екипажот морале да помогнат.
Проблематичните патници не се единствените кои им го прават тежок животот на стјуардесите и пилотите. Промената на временската зона и изостанување на менструацијата се само дополнителни работи со кои се соочува авионскиот екипаж. „Сите кои мислат дека стјуардесите сакаат само да изгледаат секси носејќи тесни чорпи, нека знаат дека тие служат за спречување на проширени вени“ – рекла таа.
Денес Менди живее мирен семеен живот со својот сопруг и тригодишната ќерка. Сепак, изборот да биде стјуардеса никогаш не би го менувала. „Запознав прекрасни пријатели и го прошетав целиот свет“.