Услови за стекнување италијанско државјанство

Италијанско државјанство е предмет кој во моментов се регулира со закон донесен во 1992, кој за разлика од претходните закони, го признава правото на повеќе државјанства истовремено.

Кој може да добие италијанско државјанство?
Оние кои можат да добијат италијанско државјанство се класифицираат во три групи:

  • лица родени во Италија кои го изгубиле државјанството и сакаат да го добијат повторно;
  • потомци на италијански државјани;
  • странци кои аплицираат за италијанско државјанство;

Стекнување на италијанско државјанство
Постојат повеќе начини за стекнување на италијанско државјанство:

АВТОМАТСКО СТЕКНУВАЊЕ

1. Стекнување со потекло

По оваа постапка со италијанско државјанство се стекнуваат деца на италијански државјани (мајка или татко) под услов ниту еден од предците да не се откажал од државјанството. Пренос на државјанство преку мајката е овозможен само за лицата кои се родени по 1 јануари 1948 година. Малолетните лица кои живеат со еден родител во моментот кога тој станува италијански државјанин, исто така се стекнуваат со италијанско државјанство.

За разлика од минатото законодавство, сегашното го признава правото на повеќе од едно државјанство истовремено. Кога едно лице тврди дека е има италијанско потекло, но нема доказ за тоа во италијанските регистри, потребно е самиот да обезбеди доказ.

2. Стекнување со раѓање на територија на Италија

Италијанско државјанство се доделува на лица родени на италијанска почва:

  • Чии родители се непознати/не се државјани или не можат да го пренесат своето државјанство на своите деца во согласност со законите на државата на која се државјани;
  • Деца чие потекло е непознато, а се најдени на италијанско тло;

3. Стекнување со признавање на татковство/мајчинство

Ова важи за малолетници кои се признати дека се деца на италијански државјани(н), или полнолетни лица кои можат да поднесат барање 1 година по признавањето. Следниве документи мора да бидат приложени барањето: извод од матичната книга на родените; документ со кој се признава татковството/мајчинството и доказ за државјанство на родителите.

4. Стекнување со посвојување

Правото на државјанство го има секое малолетно дете посвоено од италијански државјанин во Италија, или во случај на посвојување во странство. Посвоени полнолетни лица може да стекнат со државјанство по 5 години легален престој во Италија.

СТЕКНУВАЊЕ СО БАРАЊЕ

1. Странски потомци на Италијанци до второ колено или родени во Италија
Овие лица потребно е да ги исполнуваат следните услови:

  • да отслужиле воен рок во Италија;
  •  да биле вработени од страна на италијанската влада, дури и во странство;
  • да престојувале во Италија најмалку 2 години пред да наполнат 18 години;

Во прилог на барањето треба да биде поднесена и следнава документација:

  • извод од матичната книга на родените;
  • доказ за италијанско државјанство на мајката или таткото, или директен предок до вториот степен;
  • потврда за престој;

Странци, дури и оние кои не се со италијанско потекло, а се родени на италијанска почва, можат да поднесат барање за државјанство по долготраен легален престој во Италија. Барањето може да биде поднесено во рок од една година по наполнувањето 18 години, а мора да биде придружено со следнава документација:

  • извод од матична книга на родените
  • потврда за легален престој во Италија

 СТЕКНУВАЊЕ ПО БРАК СО ИТАЛИЈАНСКИ ДРЖАВЈАНИН

Странец кој е во брак со италијански државјанин може да добие италијанско државјанство доколку ги исполнува следните услови:

  • има 2 години легален престој во Италија по склучување на бракот; во странство: три години по склучување на бракот; роковите се намалени за половина во присуство на деца родени или посвоени од страна на брачните другари;
  • има важечко уверение за брак;
  • нема пресуди за кривични дела кои водат до максимална казна од 3 години затвор или пресуди од страна на странска судска власт за повеќе од една година;
  • нема пресуди за било кој од кривичните дела наведени во Книга 2, Наслов I, предмети I, II и III од Кривичниот законик на Италија (злосторства против владиниот персонал);
  • не претставува опасност по безбедноста на Републиката;

СТЕКНУВАЊЕ СО ПРИРОДУВАЊЕ

По оваа постапка, италијанско државјанство добиваат странски државјани кои имаат подолг престој во Италија. Потребниот законски престој зависи од нивното потекло:

  • 3 години за потомци на поранешни италијански државјани до второ колено и за странци родени на италијанска почва;
  • 4 години за граѓаните на држава членка на Европската унија;
  • 5 години за лица без државјанство и бегалци, како и за полнолетни странци кои се посвоени од италијанските државјани;
  • 7 години за деца посвоени од италијанските државјани пред влегувањето во сила на Законот бр. 184/1983;
  • 10 години за лица кои не се граѓани на ЕУ;

Не е потребен период на легален престој за странци кои биле вработени во италијанска служба во странство во период од најмалку 5 години.

Повеќе информации за добивање италијанско државјанство можете да прочитате овде.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија