Во кои ЕУ држави луѓето се најсреќни?

Во март оваа година, Европска агенција за статистика Еуростат објави податоци според кои најсреќна нација во Европа се Данците, додека пак најмалку среќни се Бугарите.

Според истражувањата, граѓаните на Бугарија кои често протестираат на улиците во знак на револт поради корупцијата на владата, се најмалку задоволни од нивниот живот.

Данците, Финците и Швеѓаните се најзадоволни, со просек од 8 поени на скалата од 1 до 10. Додека пак просекот на среќа кај Холанѓаните и Австријците изнесува 7,8. Иако се наоѓа во долниот дел од табелата, граѓаните на Грција покажале дека се многу посреќни за разлика од минатите години, со просек од 6.2 поени.

Целосната слика изгледа вака:
1. Данска
2. Шведска
3. Финска
4. Холандија
5. Австрија
6. Белгија
7. Луксембург
8. Ирска
9. Германија
10. Велика Британија
11. Полска
12. Романија
13. Малта
14. Франција
15. Словенија
16. Словачка
17. Шпанија
18. Чешка
19. Италија
20. Литванија
21. Естонија
22. Латвија
23. Хрватска
24. Грција
25. Португалија
26. Кипар
27. Унгарија
28. Бугарија

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија