Во Германија макроа НАВЛЕКУВААТ УКРАИНКИ ОД БЕГАЛЦИТЕ за проституција

Измамници, макроа и трговците со луѓе во Германија ја искористуваат војната во Украина и ги навлекуваат Украинците од бегалскиот бран на проституција, па министерот за внатрешни работи Фасер објави остри мерки против криминалците и зголемена заштита на несреќните жени.

Во Германија има околу 200.000 бегалци од Украина, жените воглавно се млади и со деца. Измамниците и трговците со луѓе со лажни понуди се обраќаат до помладите жени на станиците и пред канцеларијата за прием на беглаци низ Германија, нудејќи им слободно сместување и пари.

“Овие напади се за најостриот осуда”, изјави министрот Фасер во неделата за Билд ам Соне, пишува хрватски Индекс.

Тој најави засилено присуство на полицајци во униформни и цивили на точките каде бегалците се распоредени како железнички и автобуски станици.

“Секој кој ќе се обиде да ја искористи неволјата на бегалците мора да биде свесен дека ќе реагираме на сите правни мерки што им се на располагање”, најави министерот Фасер.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија