Во Тетово сите учат германски јазик за да заминат во странство

Исљам Јашари од село Теново e еден од илјадници невработени во тетовскиот регион кој безуспешно со години очекува да најде постојана работа преку Центарот за вработување. Тој речиси десетина години нема работа и обезбедува егзистенција со привремени ангажмани.

Вели многумина од неговото место без разлика на годините се одлучуваат да заминат во странство за работа.  Објаснува дека тешка е егзистенцијата со ниските плати и високите трошоци.И во неговото семејство се одлучиле на таков потег, за заминување во странство во потрага по подобар живот.

„Одат странство, 90 отсто се во странство. Тука се знае нема работа. Младите се избегани, еве и синовите ќе бегаат. Нема тука, многу мала е платата, не можеш на крај да излезеш“ – вели Исљам Јашари.

Мали деца од основно училиште, млади но и возрасни луѓе пред пензија. Македонци, Албанци. Турци, Роми и други. На сите овие луѓе во Тетово им е заедничко што учат германскиот јазик и имаат единствена цел- сакаат да заминат во Германија на печалба и на тој начин да обезбедат соодветна егзистенција.

Трендот на учење на германскиот јазик поради заминување од Македонија почнат од пред неколку години, во Тетово и понатаму е огромен, велат луѓето од центрите за изучување јазици.  Дека е така според нив укажува фактот тоа што овие јазични вештини почнуваат да ги стекнуваат ученици од најмала возраст кои се уште немале контакт со германскиот јазик.

„Сметам дека родителите најчесто ги испраќаат овие малечки деца да го изучуваат германскиот јазик како подготовка за заминување во Германија, како втор јазик странски јазик кој веројатно ќе им помогне зa во иднина. Најважната и најактуелна категорија на ученици се возрасните луѓе, младите, кои што самите изјавуваат дека не доаѓаат да го изучуваат германскиот јазик од љубов, туку затоа што им е потребен да ги поминат тестовите кои што се важни со цел да заминат во странство“ вели Маја Петровска, центар за јазици Мериленд.

Празните куќи во тетовските села говорат за многу иселени семејства.  Пописот на население најверојатно ќе ја даде вистинска состојба и бројка на луѓе кои заминале во странство со желба да обезбедат подобра егзистенцијата за семејствата.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија