На хартија, Џонатан А. има 24 деца во Германија, главно од различни жени од Африка. Месечно заработува и до 22.545,85 евра. Повеќето од нив веројатно не се негови биолошки деца но германската држава покрива голем дел од нивните трошоци.
Благодарение на една дупка во законот, создаден е бизнис модел: мажите со германско државјанство признаваат татковство на децата, а потоа тие со нивните мајки добиваат дозвола за престој и социјална помош.
Џонатан А. позира пред луксузни германски автомобили или на една свеченост фрла околу себе банкноти – тоа може да се види на социјалните мрежи, на видеата направени во Нигерија каде тој самиот се нарекува: „господин кеш“.
Меѓутоа, во Дортмунд господинот добива социјална помош. И не само тој: германската држава го плаќа издржувањето на неговите 24 деца – односно децата што тој ги признал. Мајките се претежно од Нигерија, земјата на потекло на Џонатан А.
Надлежните се сомневаат дека бројот на вакви лажни татковства е во пораст. Тие се сомневаат во измама на „лажни татковци“ која служи за давање право на престој на луѓе кои всушност немаат право на тоа.
Властите ретко успеваат да го откријат криминалниот бизнис модел. Јавното обвинителство во Берлин моментално поведува обвинение против десетчлена банда со виетнамско потекло „за лажни бракови и признавање на татковство“. Наводно, договориле признавање на татковство на најмалку 20 деца на мајки од Виетнам за да добијат дозвола за престој во Германија. За возврат, на германските „татковци“, главно бездомници, им платиле од 500 до 1.500 евра, а од мајките од Виетнам наплатувале и до 35.000 евра, вели истражниот јавен обвинител Франк Поле.
Јавниот обвинител го гледа тоа како „појава во кругот на виетнамски граѓани или германски државјани со виетнамско потекло“ во Берлин. Чест случај е дека Виетнамките доаѓаат во Берлин „за да го легализираат своето право на престој овде и потоа се селат во други покраини“.
На почетокот на истрагата има признанија за татковство кои немаат ниту биолошка ниту социјална основа.
Роднините потоа се носат во Германија преку спојување на семејство.
Дупката во законот и недостатокот на контролни механизми ја овозможуваат оваа злоупотреба.
Се појавуваат барања за спојување на семејството и социјални бенефиции, со што тешко се оптоваруваат финансиите на општините.
Новинарите на германскиот јавен сервис АРД дојдоа до заклучок дека „само“ Џонатан А. предизвикува трошоци за социјално осигурување многу повеќе од 1,5 милиони евра годишно.
Како што е наведено, во Германија не постои Централен регистар на граѓански статус (родени, брак, регистрирано партнерство, смрт… итн.) поради заштита на податоците, не можат да видат кој колку деца има признаено.
Тоа го можат само имиграциските власти. И повеќето татковства се заверени од јавни матичари. Токму затоа не е тешко да се измами системот, па не е невообичаено децата да бидат признаени, иако всушност не се нивни.
Не ретко се вмешани и бездомници кои за тоа „дело“ добиваат многу пари.
Лажното признание не може да се повлече и не е казниво со закон. „Лажното татковство им дозволува на луѓето кои всушност немаат шанси да останат во Германија, сепак да останат тука.
Овие луѓе се подготвени да платат пари за тоа, обично на лице кое презема фиктивно татковство, рече Аксел Бошамер од канцеларијата за имиграција на владата на округот Арнсберг.