Германија во проблеми, потрошувачките цени во октомври пораснале за 10,4%

Германија се соочува со растечка инфлација. Потрошувачките цени во земјата во октомври се за 10,4%, во однос на истиот месец претходната година, според прелиминарниот извештај што го објави денеска Сојузниот завод за статистика (Destatis). Годишната стапка на инфлација во Германија во септември изнесувала 10%.

Во октомври годинава цените на енергијата и на храната пораснале за дури 43%, односно 20,3% во однос на истиот месец од 2021 година. Вкупните цени на производите се зголемиле за 17,8%, цените на услугите се за 4% повисоки во однос на лани, а на наемните за 1,8%.

На месечно ниво, потрошувачките цени во октомври годинава порасначе за 0,9%.

Порастот на цената на енергијата е главна причина за зголемување на цените на комерцијалните производи се наведува во извештајот на Destatis, во кој е посочено дека струјата за редистрибутероте годинава чини 259,8% повеќе во однос на лани.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија