Германија наскоро целосно ги укинува епидемиолошките мерки

Германија планира да го прослави „Денот на слободата“ на 20 март, кога треба да „паднат“ сите епидемиолошки мерки, тврди весникот „Билд“.

Весникот наведува дека премиерите на покраините веќе подготвиле одлука со која се предвидува план за олеснување на мерките во три чекори.

Најпрво ќе се ублажат мерките кои се однесуваат на прославата во приватна средина. Во моментов има ограничување на бројот на присутни до максимум десет лица.

Се планира и укинување на контролата на статусот на вакцини за влез во сите објекти.

Од 4 март треба да се укинат рестрикциите за угостителство и хотели, а планирано е и отворање на ноќни клубови.

Оттогаш во угостителството и хотелите ќе се применува правилото „3G“ со кое невакцинираните ќе можат да доаѓаат во кафулињата доколку имаат негативен тест.

Во дискотеките и ноќните клубови ќе им биде овозможен пристап на оние кои биле вакцинирани и излечени со актуелниот негативен тест, или бустер доза.

Исто така, големи настани, како фудбалски натпревари, ќе бидат отворени според правилото „2G“ или „2G plus“.

Последните епидемиолошки мерки ќе паднат на 20 март кога ќе бидат укинати сите мерки за ограничување на слободата на граѓаните.

Сепак, обврската за носење маска ќе остане.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија