Германија најавува ново затворање поради четвртиот бран на пандемијата

Институтот Роберт Кох (РКИ), германското тело за контрола на болести, побара пак да бидат воведени строги рестрикции на јавниот живот, додека е во тек четвртиот бран на пандемијата на коронавирус.

Министерот за здравство Јенс Шпан, исто така, побара итно да бидат преземени мерки, но не препорача карантин.

„Мора да направиме сè што можеме да го прекинеме трендот. Во спротивно, ќе имаме тежок декември“, рече министерот во привремената влада на прес-конференција.

Тој смета дека треба да се воведе правило според кое само вакцинираните и прележаните да можат да присуствуваат на јавни настани. Тестирањето е исклучено како алтернатива според правилото.

Вчера, РКИ регистрираше рекордни 263,7 потврдени случаи на коронавирус на 100.000 жители во претходните 24 часа. Регистрирани беа и 191 починат во врска со ковид-19.

Германските болници велат дека ги одложуваат елективните операции и дека одделите за интензивна нега им се на граница на исполнетост.

„Ако продолжи овој тренд, наскоро ќе третираме само итни случаи и пациенти со ковид-19“, велат од Асоцијацијата за интензивна и итна медицинска нега.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија