Иницијативата во градските центри, брзината на возење да се ограничи на 30 км/ч, чии соосновачи се градовите Аугсбург, Улм и Фрајбург, наидоа на се повеќе приврзаници во Германија. Во просек, една општина се вклучува во проектот секој работен ден, јавија од иницијативата „Градови погодни за живот“, а пренесе Зидојче цајтунг.
Вкупно се придружија повеќе од 350 градови, општини и окрузи. Општините бараат сами да одлучат кои брзини се дозволени во некои места.
Се жалат дека, со сега, во Сојузното министерство за сообраќај во Берлин недостасувала волја сериозно да се позанимава со овој проблем. Тоа, според здруженијата, треба да се промени оваа година со поголем притисок од јавноста.
Неодамна, Сојузната агенција за животна средина препорача воведување ограничување на брзината од 30 км/ч ширум Германија, односно во центрите на градовите и местата.
Идејата е да се намали бучавата и загадувањето на животната средина.