Германија: Добил милион евра на лото, но не се појавил да ги подигне. Рокот поминал

Лото играч во германската покраина Саксонија-Анхалт ја пропуштил шансата да ја подигне својата добивка од 1 милион евра. Тој не се јавил три години по победничкото извлекување.

„Победникот имаше три години да ги побара парите, но за жал, не го стори тоа“, рече Лото-Тото Заксен-Анхалт во понеделникот.

Времето истекло на 31 декември во 23:59 часот.

„Се надевавме дека некој ќе се јави. За жал, немаше среќен крај“, изјави извршниот директор на германското лото, Стефан Еберт.

Сумата сега се враќа во „кутијата“ на посебни извлекувања низ земјава.

Добивката од 1 милион евра била извлечена на Лото „6aus49“ во декември 2019 година во специјалното божиќно извлекување.

Среќниот добитник очигледно не го проверил лото тикетот, па веројатно не е ни свесен за својата добивка.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија