Германија ќе ги продолжи правилата за ангажирање работници од Западен Балкан

Германскиот Бундестаг одобри продолжување на таканаречените Правила за Западен Балкан, според кои граѓаните на регионот и понатаму ќе можат да работат во Германија.

Граѓаните на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово,Србија и Црна Гора независно од формалните квалификации до 2023 година ќе можат да работат во Германија.

Радио „Дојче Веле“ објави дека новост е тоа што годинава се воведува квота од 25.000 луѓе.

Претходно, германската Влада соопшти дека во земјата има голема побарувачка за работна сила од Западен Балкан, посебно во градежната индустрија. Германската Сојузна агенција за труд проверува дали за постоечкото отворено место има герамански работници или работници од други земји-членки на ЕУ и дали условите за работа се исти како и за граѓаните на Германија.

Минатата година издадени се 27.259 визи во рамките на проектот „Правила за Западен Балкан“, а агенциите за вработување дали согласност за повеќе од 62.000 вработувања, но понекогаш предолго се чекало за виза.

„Дојче Веле“ наведува дека најголемата потреба за работна сила, како и претходно, е во градежната индустрија, логистиката односно транспортот, како и за негувателки.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија