На 20 март Германија ќе ги укине сите епидемиолошки мерки и ќе премине на hotspot правилото, што ќе им даде можност на покраините да дејствуваат во случај на потреба, според договорот постигнат меѓу министерот за правда Марко Бушман и министерот за здравство Карл Лаутербах.
– Мислам дека постигнавме добар компромис. Се потпира на два столба. Од една страна, речиси и да нема ограничувања во секојдневниот живот на граѓаните – објасни Бушман за ЗДФ.
Лаутербах рече дека исклучок се маските и тестовите каде што има голем број членови на ризични групи, односно во домови за стари лица, домови за нега на болни лица и болници.
Исто така, обврската за носење маски би можела да остане во јавниот превоз.
– Се разбира, не е планирано да се отвори се – додаде тој.