Германска работна виза – аплицирање

Термини можат да се закажат само онлајн преку веб-страната на амбасадата. Барањето се поднесува само лично.

Таксата за апликацијата изнесува 75.- евра. Сите документи треба да се достават во оригинал и 2 копии.

При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:

  • 2 формулари, читливо и целосно пополнети на германски јазик и своерачно потпишани (со латинични букви).
  • 2 биометриски фотографии од понов датум.
  • Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии.
  • Договор за работа (не постар од 6 месеци): потпишан од работодавачот и вработениот, со податоци за видот и содржината на работната позиција, почетокот и времетраењето на вработувањето, неделното работно време, местото на работа, висината на бруто личен приход, местото на издавање и датумот на потпишување на договорот, во оригинал и 2копии.
  • Се препорачува работодавачот пред потпишување на договорот да се информира за висината на актуелниот личен приход за конкретното работното место во Сојузната агенција за вработување во Германија.
  • Од 01.03.2020 важи: со навршување на возраст од 45 години: минимален месечен бруто личен приход од 3.795,- евра или докази за можноста за покривање на животните трошоци во пензија, во оригинал и 2 копии, во одреден случај превод на германски јазик.
  • Формулар за oпис на работното место – Сојузна агенција за вработување (Stellenbeschreibung – Bundesagentur für Arbeit), (не постар од 6 месеци): комплетно пополнет (секоја точка) и потпишан од работодавачот, во оригинал и 2 копии.
  • Доказ за познавање на германски јазик: во принцип не е пропишано познавање на германски јазик. Меѓутоа, за време на постапката можно е дополнително да се побара доказ.

Исклучок:

  • за професии кои имаат контакт со странки се препорачува да се докажат јазични познавања на А2 ниво, во оригинал и 2 копии.
  • помошници негувaтели и болничари мора да докажат јазични познавања на А2 ниво, во оригинал и 2 копии.
  • Признати сертификати се: сертификатот од Гете институтот (Goethe Institut), Телк доо (Telc GmbH) или ОСД – австриска јазична диплома (ÖSD – Österreichisches Sprachdiplom).
  • Другите јазични сертификати или потврди, кои го потврдуваат само учеството на јазичен курс, НЕ се признаваат.
  • Дополнително за помошници негувaтели и болничари: Потврда од работодавачот дека помошникот негувател/болничар не се вработува за извршување на активности за кои е потребна лиценца за извршување на професијата, во оригинал и 2 копии.
  • Ве молиме обрнете внимание: Покрај наведените документи во одредени случаи може да се побараат и дополнителни документи.

Адреса:
ул. Леринска 59
1000 Скопје

Работно време на визното одделение:
понеделник – петок: 08:00 – 11:00 часот
понеделник – четврток: 15:00 – 15:30 часот
петок: 12:00 – 12:30 часот

интернет: www.skopje.diplo.de
подигање на визи: е – пошта: [email protected]
закажување на термин: www.skopje.diplo.de
факс: 00389-2-3093-888

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија