Според законот во Германија после 22 часот морате да го почитувате куќниот ред и не смеете да правите бучава.
Ако станарите прават многу врева во станот во текот на ноќта, може да бидат казнети.
Потрошувачката платформа „bussgeld-info.de“ наведува дека непочитувањето на времето за одмор во недела и државни празници, како и навечер после 22 часот, може да се казни со парична казна до 5.000 евра. Во зависност од сојузната држава и општината, ноќниот одмор трае до шест или седум часот наутро следниот ден.
Гласната музика која доаѓа од станот се смета за бучава, а со тоа и за нарушување на мирот.
Ваквото нарушување на мирот се смета за административен прекршок.
Според законот, оние кои предизвикуваат бучава мора да очекуваат висока казна. Прифатливото ниво на бучава од музика во станот е околу 30 децибели. Меѓутоа, доколку оваа одредба постојано се надминува, бучавата може да се смета за нарушување на мирот.
Употребата на чекани, дупчалки и други алатки може да предизвика многу бучава, затоа избегнувајте да вршите поправки и градежни работи после 22 часот.
Бидејќи употребата на алат значително го надминува нивото на бучава во просторијата, граѓаните треба да го реновираат станот надвор од временските периоди предвидени за одмор за да избегнат евентуална казна.
Перење алишта и метење после 22 часот, можни се и казни доколку има многу бучава.
Добрата вест е што постојат модели на машини за перење со ниско ниво на бучава кои овозможуваат перење алишта после 22 часот.
Ако не сте сигурни дали вашата машина за перење прави многу бучава, контактирајте со производителот или продавачот од каде што сте го купиле вашиот апарат.
Со правосмукалката се создава бучава, па затоа е добро да се врши оваа домашна активност кога не е време за одмор или спиење.
По правило, сопственикот има можност да ги напише одредбите за одмор во договорот за изнајмување или во куќниот ред. Меѓу другото, таквиот договор содржи клаузули кои јасно пропишуваат што не смее да се прави во станот и во кое време од денот или ноќта.