Веројатно секој би се исплашил и би почнал да бега ако види мечка. Но, не и Швеѓанецот Ралф Персон. Едно утро додека шетал заедно со неговата сопруга Ана, од шумата неочекувано излегла мечка.
„Нашето куче почна да лае и веднаш знаев дека во близина има некое опасно животно. Кога излезе мечката, вреснав колку што ме држи гласот. Сигурно немаше да легнам и да се преправам дека сум мртов. Јас не верувам во такви работи.“ – изјавил Ралф.
А за да видите како завршила нивната средба, погледнете го видеото.
https://www.youtube.com/watch?v=TtC14cpwwXg