Германија со години важи за една од најпосакуваните земји за работа. Сепак, колку се задоволни вработените во Германија? Новото издание на истражувањето на Галуп за европскиот пазар на труд покажува: Сè помалку !, пренесува германската новинска агенција .
Денес, помалку од половина, само 45 отсто од работниците во Германија се задоволни и оптимисти. Само од минатата година процентот на незадоволни порасна за 8 проценти.
Според уделот на задоволни работници, Германија сега е само 20-та во Европа. Финска е прва со 83 отсто задоволни вработени, пред Данска и Исланд со 77 и 76 отсто.
Германските работници особено се жалат на стрес – иако уделот на луѓето со ова тврдење е намален за еден процент од пред една година, со 41 процент се уште е во горната третина од европската табела.
За споредба: 35 отсто од вработените во Австрија и 30 отсто во Швајцарија се жалат на стрес.
„Миксот на намаленото задоволство од животот и континуираниот натпросечен стрес сугерира дека испитаниците во Германија чувствуваат дека не можат да контролираат многу фактори кои влијаат на нивниот живот“, рече директорот на Галуп за Европа, Блискиот Исток и Африка, Марко Нинк.
Европските податоци покажуваат и дека чувството на задоволство кај вработените без емоционална поврзаност со работодавачот е поретко отколку кај оние кои ја чувствуваат таа поврзаност, во сооднос од 34 спрема 58 проценти.
„Вработените ширум светот сакаат да бидат третирани како луѓе, а не како ресурс“, вели Нинк.
Глобалните податоци покажуваат дека , во споредба со другите светски региони, работниците во Европа покажуваат најнизок степен на емоционална поврзаност со компанијата во која работат – 13 отсто, со глобален просек од 23 отсто.
Од друга страна, во самата Германија оваа вредност е на 15 отсто, пред Австрија и Швајцарија со 10 и девет отсто.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.