Ајде прво за видовите.
Оние што немаат деца, слушнале за градинка. Секој што има деца во Германија „барата” со термини како „мојата Мара е на Tagesmutter na Nachmittagsbetreuung “ или „Марко од следната година ќе оди во Montessori градинка“. Треба да завршите докторат за да се снајдете со сето ова. Верувам дека повеќето родители кои се соочуваат со ова за прв пат се грижат нивното дете да отиде во соодветна институција со програма што им одговара. Па еве малку помош!
Вид на институција:
Која е разликата помеѓу градинка, кита?
Иако на површината сè изгледа слично, институциите што се грижат за децата се различни и поделени во категории. За почеток еве неколку видови прво:
Kita – институција за деца од 1 до 3 години. Децата се поделени во постојани групи и можат да престојуваат дел од денот, или да престојуваат цел ден. Воспитувачите се задолжени за грижа и развој на децата.
Kindergarten – иста како и Кита, но наменета за постари деца, најчесто од 3-6 години (пред училишна возраст). На крајот од престојот во градинка, децата се подготвуваат за училиште со посебни програми (барем во нормални години без Корона).
Kindertagespflege – нешто како дневна грижа за деца во кое едно лице се грижи за најмногу 5 деца. На овој начин, „Tagesmutter или Vater“ може да биде посветен на секое дете поединечно.
„Деловна градинка” – големите компании имаат сопствени градинки кои можат да ги користат само вработените.
Au-pair – луѓе (дадилки) кои живеат со семејства и се грижат за децата во замена за престој и џепарлак. Au-pair можат да бидат од 18-25 години и да доаѓаат од странство.
„Позајмени“ родители и згрижувачки семејства – се луѓе или семејства кои упаѓаат и се грижат за вашите деца кога ви се потребни.
Носители на институции:
Покрај видот на институцијата, важна разлика прави и носителот на институцијата. Носител е сопственикот, а сопственикот прави разлика со одредување на педагошката насока и сите други детали за деловната активност. Носители на установи за згрижување деца во Германија можат да бидат:
Општина / град (јавна услуга)
33% од градинките во Германија се во сопственост на град или општина. Јавните детски градинки и институции во Германија немаат дефинирана педагошка насока, но се обидуваат да опфатат многу широк спектар на теми и понуди. Во многу градови, јавните градинки се бесплатни или делумно се кофинансираат од родителите, во зависност од приходите на родителите.
Слободни носители
Повеќе од 60% од установите за згрижување деца во Германија се во сопственост на т.н. „Слободни носители”. Ова можат да бидат цркви, здруженија, компании, приватни сопственици итн.
Цркви
Голем број градинки и кита во Германија се во сопственост на црквата. Католичките или евангелските градинки, логично, се силно приврзани за парохијата и целата црковна заедница. Преку ова, децата учествуваат и во светата миса и во црковните настани.
Градинките во црквата промовираат католички вредности, а децата католички имаат предност при запишувањето, но не мора да бидете верник или член на црквата за да добиете место.
Здруженија
Типични примери на здруженија како даватели на градинки во Германија се Caritas, Црвениот крст, Diakonie итн. Ова обично се добротворни здруженија. Педагошката насока во овие институции не се заснова на религијата, туку на етичките вредности на правдата и еднаквоста.
Родителски иницијативи
Факт е дека многу градови се борат со недостаток на простор во градинките. Поради ова, родителите можат да се здружат и да започнат своја градинка. Родителите сами се грижат за своите финансии, вработените и педагошката програма. Бидејќи водењето градинка е скапо, градот и општината честопати влегуваат и финансиски ги поддржуваат овие институции. Не е невообичаено родителите основачи да бидат вработени во нивната градинка.
Компании ( фирми )
И компаниите имаат можност да отворат своја градинка. За ова обично се одлучуваат големи успешни компании (како пто е градинката на „Мајкрософт“ во Минхен). Приватна компанија не може да биде одговорна за педагошката насока, затоа вакви градинки обично се водат во соработка со градот.
Приватни детски градинки
Додека сите други наведени носители на детски институции во Германија или работат во соработка со градот, или со некој дел се финансираат преку јавни средства, градинката може да биде и 100% приватна. Трошоците за градинки не се мали и приватните градинки мораат сами да ги сносат сите трошоци. Затоа, надоместокот што родителите треба да го плаќаат е генерално многу поголем отколку во другите видови градинки. Така, приватните градинки се претежно резервирани за оние со малку подлабок џеб.
Педагошка ориентација
Покрај сопственоста на детска институција во Германија, секоја градинка мора да ја наведе и својата педагошка ориентација. И овој факт ќе ви помогне да одлучите за или против некоја градинка. Најважните педагошки ориентации во детските институции во Германија се:
Montessori градинки
Градинките Монтесори се познати низ целиот свет. Тие се горди на педагошката насока во која децата се развиваат како индивидуални лица. Мотото на градинката Монтесори е „помогни ми да го направам тоа сам“.
Во пракса, ова значи дека децата можат сами да одлучат кога да играат и што да прават. Тие немаат обврски и задачи да прават нешто ако не сакаат. Застапниците на оваа насока велат дека децата се развиваат слободно и учат самодоверба уште од мали нозе. Противниците велат дека недостаток на дисциплина предизвикува детето да се развива во погрешна насока и недостаток на мотивација за да постигне повеќе.
Интегративна градинка
Во интегративната градинка заеднички се грижат за нормално развиени деца и деца со тешкотии во развојот. Целта на ваквите градинки е да учат едни од други и мотото е „секое дете е сфатено сериозно и почитувано“.
Предноста е во тоа што, бидејќи овие групи во градинка се помали, на децата може да им се посвети поголемо внимание, а недостаток е што понекогаш активностите, екскурзиите и слично се ограничени заради посебните потреби на некои деца.
Waldorfkindergarten
Ова е повеќе животен концепт отколку педагошката ориентација на градинката. Во ваквите градинки големо внимание се посветува на децата што учат од воспитувачите. Во целиот нивен концепт, природата игра многу голема улога. Децата си играат со природни играчки и ја користат секоја можност да излезат надвор и да ја запознаат природата. Предноста е поттикнување на креативноста и „здравиот начин на живот“. Лошата страна е голема зависност од воспитувачите и фактот дека мора да се согласите со таквиот (хипи) поглед на светот.
Waldkindergarten
Може да се преведе како шумска градинка. Ова е нов концепт кој доаѓа од скандинавските земји чија главна идеја е да останат на отворено. Децата поминуваат 90% од своето време надвор. За среќа, според германскиот закон, сите градинки мора да имаат затворен простор, така што овие деца имаат и една просторија каде можат да се засолнат од невремето. Основната идеја е живот во, и со природата.
Предноста е здрав начин на живот од рана возраст, запознавање со природата. Лошата страна е инсистирањето на останување надвор дури и во лоши временски услови.
Двојазична градинка
Како што сугерира името, градовите и населбите кои имаат голем дел од странци често воведуваат двојазична градинка во која педагошката програма едноставно се спроведува на два јазика.
Прво почнав да пишувам за тоа како е запишувањето во градинка во Германија. Штом видов дека ќе биде комплицирано поради мноштвото различни институции и типови, решив да ги споделам темите.
Ако веќе можете да изберете институција, еве на што можете да обрнете внимание за да ја изберете вистинската градинка, кита за вашето дете:
- Кој е носител
- Каков педагошки фокус имаат
- понуди за детето
- работно време
- големината на групата
- квалификации на персоналот
- концепт на однесување
- работа на родителите
- простории и надворешен простор
- опрема на објекти
- процесот на документирање на развојните чекори на детето
- ориентација кон заедницата
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.