До работа во Германија преку Фејсбук?

Барате информации или работа преку социјалните мрежи? Фејсбук е особено актуелен кај граѓаните од Македонија и поранешна Југославија кои се надеваат на работа во Германија. Но, мрежата е полна и со измамници.

Овие групи имаат најразлични имиња: Работа во Германија-Помош-Информации“; Работа и стан во Германија“ и сл. а имаат и по 50 илјади членови. Принципот е едноставен – секој член на групата може да праша или одговори на прашања на другите, а во врска со вработување, студирање, документи или пикантерии од секојдневниот живот.

Не е бордел сигурно

Тоа се места на кои се среќаваат луѓе кои очајнички сакаат да го напуштат просторот на поранешна Југославија, од една, и луѓе кои во тоа веќе успеале, од друга страна.

Таму се наоѓаат секакви „бисери“. На пример, „се бара женско лице до 35 години со ЕУ-документи за работа на шанк во бар во Розенхајм. Задолжително познавање на ‘нашиот’ јазик, германски не мора. Плата до 1.500 евра нето“. Не е бордел сигурно, пишува сопственикот.

Друг корисник нуди курсеви за негуватели на стари лица, една девојка прашува како се врши спојување на семејство… се бараат градежници, ѕидари, се плаќа 11 евра по час…

Балканци мамат Балканци

Фејсбук е како Елдорадо за наоѓање работа. Но, треба да се биде многу внимателен. Повеќе соговорници на ДВ предупредуваат дека низ групите демнат измамници. Поставуваат лажни огласи за работа, а кога некој ќе загризе, преминуваат на испраќање директни пораки преку Фејсбук или телефон. Ветуваат „брда и долини“ за да извлечат неколку стотини евра од жртвата.

„Следејќи ги сите групи и коментари, сѐ уште не сум наишол на измама од германски работодавач – мамат само Балканците“, вели за ДВ Хасан Сејдиќ. Тој е познат во Сараево и регионот како координатор на Здружението на невработени. Сејдиќ ги предупредува оние кои бараат работа да се пазат од луѓе кои им бараат однапред да уплатат некоја сума пари. „Секогаш велам: Не уплаќајте ништо! Вистинска посредничка агенција зема пари од работодавачот“.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Македонци во Германија

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија