Држави со најдобри услови за вработените

Наоѓање на совршена рамнотежа помеѓу работата, семејството и слободно време е еден од клучните работи за среќа во животот. Но, не сите земји се еднакви, кога станува збор за поттикнување на тој баланс.
Веројатно би биле изненадени, но во овој поглед САД заостанува далеку зад повеќето западноевропски држави.

Врз основа на платениот одмор, платеното породилно отсуство, работните часови, времето за одмор, како и балансот меѓу работата и семејството, MNN (Mother Nature Network) изработи листа на 10 држави кои нудат најдобри услови за вработените.

Германија
Според статистичките податоци на ОЕЦД, Германците работат само 27,8 часа неделно. Но, и покрај тоа, Германците не само што имаат висок стандард на живеење, туку и нивната економија е еден од најсилните економии во Европа. Па така, слободните часови во текот на секоја работна недела, Германците ги искористуваат за семејството и социјалниот живот, што придонесува за посреќен живот.
germanija

Бугарија
Нашите соседи го заслужија местото на оваа листа поради условите за вработените кои се родители. Па така, мајките добиваат 410 дена платено породилно отсуство, со исплата на 90% од платата. 45 дена од отсуството треба да се земат пред раѓањето на детето. Родителите имаат право и на втора година платено породилно отсуство, со минималната плата. А она што е уште подобро е тоа дека и таткото, како и бабите и дедовците, можат да земат втора година породилно отсуство наместо мајката, доколку е потребно.
bugarija

Бразил
Оваа јужноамериканска држава има најголем придонес кон работниците во однос на платениот одмор. Имено, Бразил овозможува најдолг годишен одмор во светот. Со полно работно време, работниците може да добијат дури 41 слободен ден. Од нив, 11 дена се за државни празници. Тоа е многу слободно време за Бразилците да го посветат на семејството и забавувањето на плажа.
brazil

Франција
Според ОЕЦД, Французите годишно работат речиси 200 часа помалку од другите земји во организацијата. Франција е исто така меѓу светските лидери кога станува збор за бројот на денови за одмор. Французите имаат 40 слободни денови, од кои 10 се за државни празници.
francija

Финска
Исто како Бразил и Франција, Финска е една од државите во кои работниците добиваат најдолг платен одмор. Финците имаат 40 дена одмор, од кои 10 се за државни празници. Покрај тоа, само 4% од работниците работат повеќе од 50 часа неделно, што е важен индикатор за добар баланс меѓу работата и приватниот живот.
finska

Холандија
Според истражувањата на ОЕЦД, никој не работи помалку од Холанѓаните. Тие работат само 1.378 часа годишно, односно 27,6 часа неделно. Но, исто како и Германија, така и Холандија одржува висок стандард на живеење. Згора на сè, Холанѓаните имаат 28 дена платен одмор, а 16 недели платено породилно отсуство со 100% од нивните плати. Како тоа да не е доволно, холандски работници имаат и даночни олеснувања за дополнителни 26 недели неплатено породилно отсуство.
holandija

Норвешка
Оваа скандинавска држава е светски лидер кога станува збор за родителското отсуство на работниците. Еден родител може да земе отсуство од 47 недели со 100% плата, или 57 недели со 80% плата. Девет недели се резервирани за мајката, 12 недели се резервирани за таткото, а останатите недели можат да ги поделат двајцата родители. Норвежаните исто така имаат 35 дена платен годишен одмор.
norveska

Данска
Веројатно не ве изненадува тоа што оваа држава се најде на листата. Данска нуди 52 недели платено породилно отсуство, вкупно 34 дена платен одмор на годишно ниво, а само 4% од работниците се на работа повеќе од 50 часа неделно.
danska

Литванија
Литванија е единствената држава во светот покрај Бразил, која нуди 41 ден платен одмор. Исто така, нуди една година породилно отсуство со 100% плата, или ако родителите се одлучат да земат две години отсуство, првата година добиваат 70%, а втората година 40% од платата.
litvanija

Шведска
Веројатно нема листа од ваков тип, на која нема да ја најдете Шведска. Оваа држава широко позната по бенефициите што им ги нуди на своите граѓани. Платеното родителско отсуство изнесува 480 дена, или 16 месеци, од кои според новите измени, 90 дена се резервирани за таткото. Исто така, тие 480 дена родителите можат да ги искористат кога сакаат, во првите осум години од животот на детето. Шведска, исто така е дарежлива кога е во прашање платениот одмор. Швеѓаните имаат 36 дена одмор на годишно ниво.

svedska

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија