ЕКСКЛУЗИВНО: Почнаа да паѓаат пресуди за пирамидата наречена OneCoin

„Можеби звучи неверојатно, но и денес, и покрај распадот на OneCoin, самата псевдо – валута продолжува да постои – сега под името OneLife. И десетици илјади луѓе низ целиот свет сe уште се надеваат дека еден ден ќе се збогатат – како што беше ветено од Ружа Игнатова“, пишува Блумберг.

Марк Скот е обвинет за намера за перење пари и банкарска измама во 2019 година. Според обвинителите, тој создал измамнички инвестициски фонд преку кој поминувале парите од Ружа Игнатова, Бугарката која стои зад OneCoin. Игнатова, позната како „Криптокралица“ во силните години на пирамидата, исчезна во 2017 година. Нејзиниот брат, Константин Игнатов, исто така, се изјасни за виновен по обвиненијата за измама и перење пари, а подоцна сведочеше против Скот. И двајцата чекаат судска пресуда.

Според истрагата, OneCoin генерираше приход од 3,4 милијарди евра (4 милијарди американски долари) од четвртиот квартал на 2014 година до третиот квартал на 2016 година, но токените немаа вредност и не можат да се користат за купување. OneCoin работеше како повеќестепена маркетинг мрежа која плаќаше провизии при привлекување нови членови. Самата компанија тврди дека има над 3 милиони членови ширум светот.

Кон крајот на септември годинава судот во Германија го отвори случајот против двајца мажи и жена, дел од нејзината придружба. Обвинетиот од Гревен тогаш беше меѓу говорниците, уверувајќи дека OneCoin е валута на иднината. Неговата сопруга беше директор на компанијата преку која парите од OneCoin беа префрлени во странство, објави Дојче веле.

Двојката од Гревен е обвинета дека зела 320 милиони евра од германски инвеститори од крајот на 2015 година до крајот на 2016 година и префрлила голем дел од нив на сметки во странство за провизија од еден процент. Парите беа насочени кон фонд на Кајманските Острови, од каде преку сложена мрежа од компании и посредници стигнаа до различни даночни раеви.

Адвокат од Минхен е обвинет за соучество во шемата. Тој е осомничен дека испраќал е – маили до вработени во банката за да го прикријат потеклото на средствата. Благодарение на него, 75 милиони евра завршија на Кајманските Острови, се наведува во обвинението. Тој е обвинет за перење пари во два случаи.

Ние од Емигрико цело време ја пратиме оваа лажна крипто валута и неколку пати ве предупредивме. Линкови имате во продолжение:

Ружа Игнатова и пирамидалната измама OneCoin

Измамата наречена One Coin

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија