ЕЦБ ја претстави новата банкнота од 50 евра

Европската централна банка неодамна ја презентираше новата банкнота од 50 евра, која ќе биде пуштена во промет во април 2017 година. Најкористената банкнота во еврозоната е впрочем и најфалсификувана, што беше причина да се воведат нови банкноти кои ќе имаат дополнителна заштита. Имено, предната страна од новата банкнота ќе содржи број чија боја ќе се прелева од зелена кон сина, а одредени делови од банкнотата нема да бидат видливи под инфрацрвено и ултравиолетово светло. На овој начин, ќе може да се утврди дали една банкнота е автентична или не.

Ова ќе биде четврта по ред банкнота која ќе биде издадена во новата серија. Претходно Европската централна банка тоа го направи со банкнотите од 5, 10 и 20 евра.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија