Клучот за создавањето и одржувањето на Римското Царство бил во неговите патишта, кои би биле инженерско чудо и денес.
Тешко е да се замисли колкаво било Римското Царство. Тоа започнувало во Шкотска на север и завршувало во Мароко на југ. Се протегало од реката Рајна во Германија до Египет, а на истокот до реката Еуфрат.
Рим управувал со ова големо царство преку неговите патишта. Римските патишта овозможувале движење на војска, јавни службеници и пренесување стоки. Очигледно, изразот „Сите патишта водат до Рим“ бил точен. Од Рим излегувале 29 воени автопати. Сите 113 провинции на империјата биле поврзани со 372 патишта што покривале над 400.000 километри, а 80.500 километри од нив биле поплочени со камења.
Римските патишта се користеле илјадници години, а многу од нив само биле поплочени и станале нови автопати. Најпознатиот и еден од првите римски патишта е Апијанскиот пат, кој го поврзувал Рим со градот Бриндизи во Југоисточна Италија. Тој бил изграден во 312 пр.н.е. и го добил името по римскиот службеник Апиј Клавдиј Кекус.
Некои римски патишта пресекувале ридови, додека други оделе покрај реки и во клисури. Римјаните граделе и мостови, од кои многу се користат и денес. Бил напишан и закон за изградбата на патиштата со кој се почитувале стандарди за широчината на патиштата.
На Појтингеровата мапа може да се види целата патна мрежа на Рим. На мапата има делови од Европа, Северна Африка, Средниот Исток, Персија и Индија. На неа го има и градот Помпеја, кој бил уништен во 79 година по ерупцијата на Везув. Мапата е висока 33 сантиметри, но долга 6,75 метри.
Покрај римските патишта имало анови, таверни, а потоа никнале и нови градови. Имало и локации каде што можело да се купат тркала и друга опрема за патниците.
Извор: interestingengineering.com