За 5 години 62 049 странци добиле бугарско државјанство

62 049 странци станале бугарски државјани во последните пет години, изјави министерката за правда на Бугарија, Екатерина Захариева. 60 194 од нив добиле државјанство врз основ на бугарско потекло, а 1 855 по пат на натурализација.

Останатите 6-7% од кандидатите кои поднеле документи за државјанство, односно 3574 странци, не добиле бугарски пасош, бидејќи не ги исполнувале условите предвидени во Законот.

Најголемиот дел од оние кои добиле бугарско државјанство, доаѓаат од Македонија, Молдавија и Украина.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија