Зошто дијаспората праќа пари, а не вложува

Зошто нашите иселеници, иако редовно им помагаат на своите роднини во Македонија, избегнуваат да инвестираат во татковината? За 15 години од дијаспората пристигнале 25 милијарди евра што во главно се за потрошувачка.

Трансферите од странство години наназад се повисоки од странските инвестиции. Минатата година гастербајтерите во татковината пратиле околу 1,2 милијарди евра, додека странските инвеститори вложиле помалку од милијарда евра. Во текот на последните 15 години, дијаспората на своите во Македонија им пратила, спрема груби проценки – 25 милијарди евра.

Иако не штедат на „џепарац“ нашите иселеници не пробуваат да отворат свој бизнис во татковината. Проблемот како што кажуваат е што не им веруваат на институциите, се плашат од корумпираноста, а и добро знаат дека инфраструктурата е исто така многу лоша.

Џон До, кој живее и работи во Германија, објаснува дека многу од нашите иселеници кои размислувале да инвестираат во татковината како еден од најголемите проблеми го наведуваат немањето доверба во системот и политичката состојба во Македонија.

– Најчесто како причина се наведуваат сложените и макотрпни бирократски процедури како и непредвидливоста и нетранспарентноста на општинските и даночните служби. А исто така додатен проблем е тоа што градовите од каде што доаѓаат најголем број на луѓе во дијаспората имаат многу лоша и дотраена инфраструктура, посебно лоши патишта – кажува Џон До

– Сите овие проблеми не се од вчера, а резултат на тоа е долгогодишното игнорирање на дијаспората и неискористувањето на нејзините потенцијали. Вистината е дека скоро и да нема никакви инвестиции од страна на дијаспората и во Македонија никој сериозно и организирано не се занимава со прашањата за дијаспората.

Оние кои ја пратат ситуацијата со дијаспората знаат дека една од главните причини е исто така честата промена на законите.

Многу често се менуваат законите и даноците како и луѓето кои се вработени во надлежните министерства, агенции и локални самоуправи – објаснува Џон ДО – сеуште нема целосна сигурност за инвеститорите. Нашите луѓе се плашат и од лошите искуства кои ги имале претходно додека живееле во Македонија.

Од друга страна, трансферите пристигаат уредно и без големи проблеми. Пресметката покажува дека секој граѓанин на Македонија годишно добива една плата плус од роднини и пријатели од странство. Така покажува статистиката, а вистината покажува дека многу не добиваат ни денар, али затоа пак за поединци „чекот“ од дијаспората е единствениот извор на приходи.

Во Македонија пристигаат и преку шофери, во пликоа, избегнувајќи ги легалните начини и високите провизии. Економистите кажуваат дека се подига куповната моќ на граѓаните и дека најчесто се троши за основни потреби. Во време на криза сумите растат и тие се практично „појас за спасување“.

На балканот прва по трансфер на пари од дијаспората е Босна и Херцеговина.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија