Зошто треба да возите велосипед до работа?

Ако сакате да живеете подолго и да го намалите ризикот од рак и болести на срцето, почнете да одите на работа со велосипед, покажува едно најново истражување.

Петгодишното истражување во кое учествувале 250.000 Британци укажува дека и активност како одењето исто така има предност во однос на седењето во јавен превоз или возењето во автомобил.

Истражувачите истакнуваат дека возењето велосипед престанува да биде прашање на волја во оној момент кога ќе стане дел од работната рутина.

Истражувањето прави споредба на луѓето кои биле активни со оние кои стигнуваат на работа со седење.

Вкупно 2.430 од испитаниците починале, 3.478 заболиле од рак, а 1.110 имале проблеми со срцето.

Меѓутоа, истражувањето покажало дека редовното возење велосипед го намалува ризикот од смртност од која било причина за 41 отсто, ризикот од рак за 45 отсто и ризикот од болести на срцето за 46 отсто.

Велосипедистите во просек возеле 48 километри неделно, а колку почесто користеле велосипед станувале поздрави.

И пешачењето го намалува ризикот од болести на срцето, но само ако пешачите повеќе од 9 километри неделно.

Здравствени предности имале и оние кои комбинирале возење велосипед со користење јавен превоз.

Истражувањето е објавено во списанието British Medical Journal.

извор: kajgana.com

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија