Изнајмувањето стан во Шведска поскапо во 2016

Цените за изнајмување стан во Шведска се зголемија во текот на оваа година, покажуваат последните статистички податоци. Во третиот квартал од 2016 година, просечната цена на станови во Стокхолм скокна за 7,4 отсто во однос на истиот период минатата година.

Еднособен стан во главниот град моментално чини околу 7.700 круни (790 евра) месечно, додека пак двособен стан ќе ве чини 12.500 круни. Во Гетеборг, изнајмувањето стан во просек чини 7.295 круни, што е за 13,3 отсто поскапо од минатата година. Додека пак во Малме месечната кирија ќе ве чини околу 7.069 круни, што е за 9,3 проценти поскапо од просечната месечна кирија за 2015 година.

Причини за ваквите покачувања најверојатно лежи во недостигот на слободни станови за издавање. Особено во поголемите градови во Шведска, за секој стан поставен во оглас аплицираат десетици заинтересирани кандидати. Поради ова, многумина се одлучуваат за наоѓање дом во периферијата на големите градови.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска