Какви реакции може да имате по примањето на вакцината за коронавирус: Можно е да ви се спие многу

Како и кај секоја вакцина исто така и таа за корона вирусот може по апликацијата да се јави малаксаност, замор и температура околу 37 степени  Тие се сметаат за нормални симптоми по вакцинацијата, изјави главната директорка на руската Втора поликлиника Наталија Шиндрјаева.

„Неопходно е да се следи сопствената состојба по вакцинацијата. Станува збор за вакцина против коорнавирусот. Како и по другите вакцини, постои краток период кога може да почувствувате одредена малаксаност, ќе ви се спие, ќе имате мала температура од 37 степени. Не плашете се, тоа е само првичната реакција на организмот по примањето на вакцината“, наведе таа.

Шиндрјаева кажа и дека секој кој ќе мине вакцинација ќе добие инструкции во кои се наведуваат сите можни несакани ефекти, но и упатство што да се прави во случај тие да се појават.

„Како што обично кажуваат нашите фармацевти – ако нема реакција на одреден лек, прашањето е дали е воопшто лек. Бидејќи тука станува збор за препарат кој создава имунитет, овие симптоми се нормална реакција која исчезнува во тек на еден ден“, наведе таа.

Во Русија вчера почна масовното вакцинирање на граѓаните против вирусот. Русија пријави црн рекорд – 28.782 новозаразени, што е најголем број нови случаи на ковид-19 во еден ден.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија