Според повеќе истражувања, во Данска живеат најсреќните луѓе, а причина за оваа среќа можеби е моделот за флексибилност на работна сила со кој Данците се единствени во светот.
Данска е позната и по големите промени во населението и една од земјите со најголем приход по глава на жител. Данска ја има највисоката најниска плата во светот. Пазарот на труд е во целосна контрола на работодавците во оваа земја.
Како и другите скандинавски земји, Данска е отворена за вработување работна сила од странство. За сите заинтересирани, Данска објавува листа со професии во кои има дефицит. Отворените работни места во Данска се објавуваат на неколку интернет-страници, меѓу кои најголемите се „Работа во Данска“ и „Европскиот центар за вработување“.
Како до работа во Данска?
За работа во Данска потребна е виза за престој, но доколку сте професионалец кој има најмалку завршен факултет и работен договор или доколку ви е понудена работа со плата од најмалку 53.000 евра годишно, многу лесно може да влезете на пазарот на труд и да добиете виза, односно дозвола за работа и престој.
За да добиете дозвола за работа и престој треба да се пријавите во локалната амбасада на Данска и да ги приложите потребните документи, вклучувајќи и работен договор.