Канада ќе ги олесни условите за добивање државјанство

Канада е сè поблиску до воведувањето нови законски мерки, преку кои на странците ќе им биде овозможено да аплицираат за канадско државјанство порано и полесно. Промените на Законот за државјанство, се сметаат за една од главните цели во агендата на новата либерална влада.

Пратеникот Борис Вресневскај, овој месец изјави дека се надева оти законот, познат како C-6, ќе биде изгласан пред Денот на Канада, која секоја година се прославува на 1 јули. Ова ќе биде од големо симболично значење, со оглед на тоа дека Канаѓаните се мошне горди на нивното државјанство, како и правата и слободите кои ги имаат. Со ваквиот потег, Канада сака да ги поттикне доселениците да станат натурализирани државјани и да се приклучат кон големото канадско семејство. Со добивање државјанство, граѓаните ќе можат да добијат канадски пасош, да гласаат на изборите, да се кандидираат за јавна функција, како и да ја напуштат земјата и повторно да се вратат, без да бидат обврзани со дозволите за престој. Канада, исто така признава двојно државјанство, дозволувајќи им на странците да се здобијат со канадско државјанство, без да се изгубат матичното кое веќе го имаат.

Меѓу предложените измени е намалување на законскиот рок кој постојаните жители треба да го исполнуваат за да се квалификуваат за државјанство. Имено, наместо од 4-6 години, странците ќе треба да живеат во Канада од 3-5 години пред да аплицираат за државјанство. Оние странци кои престојувале во земјата привремено, ќе можат да го искористат овој престој во исполнување на рокот. Исто така, ќе се укинат јазичните тестови за одредени кандидати. Покрај тоа, новиот закон ќе ја укине спорната одредба со која од канадско државјанство ќе бидат лишени лицата кои покрај тоа имаат и друго државјанство, а се осудени за тероризам, предавство или шпионажа.

Споменатите измени се очекува да бидат изгласани во блиска иднина. Единствениот потенцијален проблем е тоа како законот ќе помине во Сенатот, со оглед на тоа дека во ова тело доминира Конзервативната партија.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија