Она што најмногу ги интересира луѓето кои планираат да се отселат и да бараат работа некаде во странство, е како се движат платите, од минималниот до максимумот што можат да го заработат, во однос на тоа какви вештини и знаења поседуваат. Жена која живее и работи во Илиноис решила преку својот TikTok профил да обезбеди информации за платите во споменатата американска држава.
Саатнините може многу да варираат во зависност од тоа во која држава се наоѓате, така што некои минимуми во Илиноис се 13 долари на час. За да не приближи колку е мизерна таа сума, таа изјавила дека за 13 долари може да се купат две шишиња млеко.
Општо земено, келнерите работат за 13 долари на час, додека касиерките заработуваат од 13 до 17 долари на час, во зависност од продавницата.
Од друга страна, менаџерите во ресторан или самопослуга заработуваат 20 до 30 долари на час, додека електричарите се платени 30 долари на час, а заварувачите од 30 до 40 долари на час.
– Ако знаеш занает и работиш во фирма која е во синдикат, можеш да заработиш од 50 до 80 долари на час – вели жената од ТикТок.
Потоа спомна дека работи во банка за недвижнини и дека саатницата и е 24 долари, со бонус за секој заем што го дава кај клиент.
– Просечната плата во Илиноис е околу 4.000 долари месечно, или околу 24-25 долари на час. Овде приближно 30 проценти од платата се одбиваат за даноци и здравствено осигурување, што значи, ако платата е на секои две недели, а чекот е 2.000 долари, нетото останува околу 1.500 на секои две недели – објаснува таа.
Целото видео може да го погледнете тука.