„Лажните азиланти“ од Балканот – проблем во Германија

Бројот на бегалци кои доаѓаат во Германија расте. Во 16-те германски покраини трошоците за нивното згрижување се сè повисоки. Се претпоставува дека овие трошоци годинава ќе бидат повеќе од двојно поголеми.

Тука се поставени шатори бидејќи центрите за бегалци се веќе одамна полни. Тука во Ајзенхитенштад во Бранденбург, властите во шатори мораат да сместат и семејствата со деца.

Бидејќи во Ајзенхитенштад неделно доаѓаат стотина нови азиланти. Германските покраини сметаат оти се на крајот на своите можности: „Проблем е сè поголемиот прилив на азиланти – посебно од балканските земји – едноставно се урива нашиот систем за азиланти. Ние сме преоптоварени како покраина.

Регионите се преоптоварени со градење центри за сместување на азиланти. Општините се преоптоварени со сместување на децата во градинки и училишта“, вели Матијас Кал државен секретар во министерството за внатрешни работи на покраината Бранденбург.

Колку е состојбата напрегната може да се види во Дрезден. За кусо време тука е изградена шаторска населба: за 1.100 бегалци кои требаат да дојдат тука.

Општините и покраините се одговорни за згрижување и безбедност на бегалците бидејќи постојано доаѓа до напади на бегалците и на оние кои им помагаат. Сите се согласуваат за следното барање: потребни со повеќе пари од државата:

„Засега финансискиот притисок го чувствуваат само општините и покраините. Сојузното ниво практично воопшто не учествува и тоа мора да се промени.“, порачува Ралф Јегер, министер за внатрешни работи на покраината Северна Рајна Вествалија.

Нема заедничко мислење кога станува збор за прашањето: на кој начин политиката треба да се однесува кон бројните бегалци од Балканот? Тие речиси воопшто немаат шанси за добивање азил. Барањето на Баварија во иднина овие луѓе да бидат сместени во одвоени шаторски населби и брзо да бидат вратени во земјите од кои доаѓаат и натаму е спорно. Но политиката бара можност да го намали приливот на бегалци за да може оние кои можат да останат врз основа на правото на азил да можат да бидат соодветно згрижени.

Извор: dw.de

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија