Лично искуство од работа на брод (испратена статија)

Мојата приказна oдеше oтприлика вака. Во септември 2011 аплицирав на 9 октомври фатив пат за Загреб каде што имав подготовки. Еден ден инфо за тоа што е брод и како се работи на него и втор ден фото обука на која јас научив само 2 стварчици.

Тогаш добиваш и подготовки за IQ тестовите на Имиџ и правиш Марлин тест. Треба да имаш 80% за пола саат. Јас имав 96% за 19 минути. Сето тоа беше за време на викенд. Сам си плаќав смештај, храна, превоз и слично.

Интервјуто беше во среда. За интервјуто требаше да бидам во одело, со испринтано портфолио, ама бидејќи ги немав се мислев да се откажам. Арно ама, Томислав – агентот од Загреб, ме убедуваше да останам поради моето искуство и добри резултати на тестовите.

На интервјуто кое го спроведува девојка од Имиџ, проекторот зафркаваше, сликата беше целосно искривена и таа не можеше да го среди. Јас станав и го поправив, на што таа кажа дека ќе ме земе само мене од цел тим :) 

Инаку на интервјуто бевме 19 луѓе од цел Балкан и еден Пакистанец од Виена. Не знам колку поминавме, ама од тие што пројдовме после тоа преминавме на 2 фаза, лекарско, USA виза и уверение за неосудуваност. Кој како ги комплетира тие работи, така го викаат на тренинг.

Понекогаш имаат тренинзи и на други места на светов, ама доброто е во тоа што ти покриваат трошоци додека си 1 недела на тренинг. После тренинг одиш на брод.
Првата фаза ме чинеше 1500 денари за аплицирање.
300 евра горе-доле патот и интервјуто во Загреб.
Втора фаза 300 евра провозија за агенции
100 евра лекарско
120 евра виза
200-300 евра задолжителна облека која мораш да ја понесеш со себе, а која подоцна ќе ја носиш додека работиш на брод. Додуша може да биде и повеќе, може да биде и помалку, зависи от тоа колку од тоа што е на листата веќе имаш и колку треба да докупиш.
Листата е:
– црни класични чевли
– скроз бели патики (без видливи ознаки, без ленти и слично)
– 2 пара црни пантолони
– 2 скроз бели кошули (се препорачуваат 4)
– долна облека, барем едно 10 парчиња
– бели чорапи 5-6 пара
-црни чорапи 10тина пара
-300 долари пари за по пат

Инаку на интервјуто во агенцијата бев еден од најдобрите во групата и бидејќи имаа потреба да пратат радник на Дизни Меџик ме одбраа мене.

П.С. Во меѓувреме си подложен на еден куп тестови од кои тие одлучуваат каде е најдобро да те пратат за твојот прв брод.

Работата на брод дефинитивно не е за секого. Тоа ми беше и најубав, а истовремено и најлош период од годината. Напорно е и не секој може да го издржи тоа темпо. Но, од друга страна имаш можност да видиш многу преубави места кои туристички тешко дека ќе ги посетиш.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија