Австриската влада воведува лотарија за промовирање на вакцинацијата против коронавирус. Ова се случи неколку часа пред парламентот денеска да го усвои предлог-законот за воведување задолжителна имунизација, објави Ројтерс.
На прес-конференција, канцеларот Карл Нехамер рече дека сака финансиска награда за оние кои се вакцинирани.
„Поучени од минатото видовме дека лотаријата за вакцинација е најдобриот можен начин да се создаде таков систем“, вели тој.
Луѓето ќе добијат „купон“ за секоја примена доза (без разлика дали ја добиле пред месеци или за прв пат). Значи оние кои веќе имаат бустер ќе имаат по три купони.
Секој десетти купон ќе добие подарок ваучер од 500 евра, рече Нехамер, без да прецизира за што можат да се употребат
Денеска сње очекува Долниот дом на парламентот да донесе нацрт-закон со кој вакцините се задолжителни за сите возрасни лица во Австрија, со првични казни од 600 до 3.600 евра.
Приближно 72% од австриското население е целосно вакцинирано против Ковид-19.