Македонската пијанистка Ана Велиновска настапи на две вечери по ред во престижната сала ККЛ во Швајцарија

Пијанистката Ана Велиновска настапи како солист и ги отвори концертите на светски познатиот пијанист Фазил Сај во реномираната сала ККЛ во Луцерн, Швајцарија, кои се одржаа на 16 и 17 март.

Настапите на Ана Велиновска беа испратени со овации од многубројната публика во оваа концертна сала, која важи за една од најубавите во светот, посебно според квалитетот на акустиката.

Во периодот од 2020 до 2022 година пијанистката Ана Велиновска редовно настапува како изведувач на современа музика, со бројни праизведби и гостувања на реномирани фестивали, најмногу во Швајцарија и Германија.

Една од изведбите на Ана Велиновска во ККЛ е на следното видео:

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија