Македонците јадат многу поскапа храна од Европејците – платите стигаат само до устата!

Инфлацијата галопира, ќе ги заузда ли некој цените?

Македонија со ниска стапка на економски раст, а со највисока инфлација од земјите во регионот, покажа најновиот извештај на Светска банка. Македонската економија е проектирана на 2,4 отсто раст за годинава и е повисока за 0,1 процент од проекцијата за економскиот раст на Србија. Според банката, највисок економски раст се очекува да има Косово (3,7%), Црна Гора (3,4%), Албанија (2,8%), Босна и Херцеговина (2,5%), додека најмал раст е проектиран за Хрватска (1,9%) и Бугарија (1,5%).

Што се однесува до инфлацијата тука Македонија е на врвот. Инфлацијата за мај 2023 година е двоцифрена и изнесува 11,3%, а кај храната е уште повисока и изнесува 14,6%. Лани во мај инфлацијата исто така беше двоцифрена и изнесуваше 11,9%, а кај храната огромни 17,9%. Во мај пониска инфлација имаат Словенија, Хрватска и Албанија, а најниска стапка е измерена во Грција од 2,8 отсто. Дел од земјите уште не ги имаат објавено податоците, но ако го погледнеме движењето во април, полоши од нас се само во Србија, а најниска инфлација во април имало во Косово и во Грција.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија