Животот во туѓина не е мед и млеко. Тоа е порака до оние кои мислат дека со одење во Германија или во некоја друга странска земја ќе го решат прашањето за егзистенција доживотно.
Колку што е поголем приходот од овде толку се и трошоците, а за скромен живот во Германија, според некои проценки, потребно е да се издвојат околу 3.000 евра месечно.
Искуствата на оние кои се иселиле од нашиот регион во Германија покажуваат дека не е се како што им изгледа на оние кои сакаат да се иселат од тука.
На прво место е дисциплина на која нашите луѓе тешко се навикнуваат, а потоа е системот на работа каде работните денови значат менување „работна облека и пижами“.
Како што опиша еден Балканец, кој живее во Германија веќе пет години, изнајмувањето трособен стан само за едно семејство чини околу 2.100 евра, но напоменува дека треба да платите три кирии однапред кога ќе се вселите.
– Првата работа е стан. Изнајмување на трособен стан за едно семејство без парно е околу 700 евра. По таа цена ќе дојдат уште 200 евра.
– Само за да влезете во станот треба однапред да платите три кирии што се вкупно околу 2.100 евра. Тоа значи дека тие пари ги имате во џеб уште пред да влезете во потенцијален стан – ова е искуството на еден сонародник кој заминал во Германија пред пет години, вели тој за ,,Курир тв”
Посебна работа е опремувањето на станот, за што се потребни повеќе пари: Мора да внесете мебел, тоа е уште еден трошок, кој исто така не е мал.
На ова се надоврзуваат и трошоците за интернет и телефон, кои се околу 140 евра месечно. Дополнително на ова, важна ставка се и трошоците за храна, па основните намирници може да се купат за 400 евра месечно.
А на оние кои не сакаат да штедат, а би сакале да имаат се во куќата им требаат околу 800-900 евра месечно – тврдат нашинците кои со сето ова се соочиле кога заминале во странство.
Искуството покажува дека кога ќе се соберат сите месечни трошоци се доаѓа до сума од околу 2.300 евра, што значи дека некој што заработува околу 3.000 евра месечно може да преживее солиден месец во Германија.
Љубомир Савиќ, економист, смета дека добар дел од нашиот народ е во заблуда и вели дека за еден месец да се преживее во Германија потребни се најмалку 2.500 евра.