На Шведска ѝ се потребни 64.000 доселеници секоја година, ако сака да го спречи недостаток на работна сила која го попречува економскиот раст, соопшти шведската Агенцијата за вработување (Arbetsförmedlingen).
Директорот на Агенцијата, Микаел Сјоберг, изјави дека овој проблем особено ќе се одрази врз шведската економија на почетокот на наредната година, кога многу работодавачи во приватниот и јавниот сектор ќе се соочат со недостиг на квалификуван кадар. Со оглед на намалувањето на наталитетот, решението на овој проблем се гледа во странската работна сила, објаснуваат од Агенцијата.
„Стапка на наталитетот во Шведска е премногу ниска. Населението родено во Шведска постојано се намалува. За да може нашата економија да расте, потребна е работна сила, а со тоа и зголемување на населението“, изјави Јохан Блисман од Агенцијата за вработување. „Влијанието на намалената работна сила веќе се чувствува во одредени сектори, а овој проблем ќе стане уште поголем во текот на наредната година“, додаде тој.
Намалување на бројот на луѓе кои го напуштаат средното училиште пред да добијат доплома, како и поместување на старосната граница за пензионирање (од 61-67 годишна возраст) се едни од начините да се ублажи ваквата состојбата, соопштија од Агенцијата за вработување, нагласувајќи дека сепак имиграцијата ќе биде нужна како долготрајно решение.
Дел од причините за ваквата состојба во Шведска е фактот што побарувачката на стоки и услуги и понатаму е висока, со оглед на тоа дека земјата излезе релативно неповредена од глобалната економска криза, во споредба со другите земји.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска