Корона епидемијата и нанесе штета и на Германија. Платите се во просек околу 10-12% помали во донос на 2019-та година, а невработеноста е зголмена за околу 1%.
За сите кои се заинтересирани какви се платите во Германија еве го прегледот за 2019-та кога економијата беше во нормална состојба.
Германската федерална агенција за вработување објави список на плати во оваа земја, каде што заминуваат многумина од нашата земја и од регионот.
Медицинска сестра во Германија заработува просечно 3.547 евра, пекар 3.502, продавач на слатки 1.839, багерист 3.421, службеник во банка 4.875, градежен инженер 5.246, професионален возач 2.556, мајстор за кровови 3.265, електричар 3.143, електроничар 3.694, старател 3.598…
Платата на грнчар е во просек 3.003 евра, фризер 1.684, водоводџија 3.056, касиер 2.214, келнер 1.934, готвач 2.284, сликар 2.776, ѕидар 3.214 и столар 3.153 евра.
Но, тоа не се износите кои работникот ги добива на сметка туку бруто плати, бидејќи државата прво мора да се подмири од таа сума преку даноци и придонеси. Се плаќаат и црковни даноци. Затоа, и во графичкиот преглед кој се однесува на занимања кои претежно ги работат странци, и оној од статистиката на германските институции, ќе видите различни бројки на заработка по одредени професии или занимања.
Најголем трошок во Германија е сместувањето, во поголемите градови за крија се плаќа од најмалку 700-800 евра за мал стан со една спална соба, до просечно околу 1.200 евра на периферијата од градовите за станови до 50-60 метри квадратни.
Износот на одземениот данок од платата зависи од даночната класа на работникот, а при пресметката, улога игра и дали работникот е оженет или сам, дали е самохран родител, колку деца има и други податоци.
Германците имаат шест даночни класи.
Третата, на пример, се препорачува за сопружници чиј партнер нема приход или неговиот приход е многу помал, додека четвртиот се препорачува за брачни парови кои заработуваат приближно иста плата. Колку е поголема платата, толку е поголема разликата во промената на даночните класи.
На нето-платата во Германија влијаат повеќе фактори, од даночната класа до бројот на деца, црковниот данок и осигурувањето.
Ако, на пример, некој има бруто плата од 3.000 евра, нето платата во првата даночна класа ќе му биде 1.938 евра, во втората 1.991, во третата 2.226, во четвртата 1.938, во петтата 1.575 и во шестата 1.533 евра.
Според таа листа, најплатени биле пилотите, кои во просек заработиле повеќе од 6.150 евра, слично на заработката на лекарите и финансиските ревизори.
Со највисоки износи на заработувачки следат градежни инженери или електроинженеринг со 5.246 евра, или 5.934 евра, додека најниските платени се продавачи во пекарница, фризери и рецепционери, со заработка помеѓу 1.600 и 1.900 евра.
Според оваа листа, возачот на виљушкар во просек бил платен 2.687 евра, водоводџија 3.056, и чистачите на зградите 2.080 евра, а медицинската сестра на геријатрија во просек заработила 3.032 евра, додека архитектите просечно 4.087 евра.
За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.