Нова алатка во програмата за емиграција во Квебек

Quebec Skilled Worker Program (QSWP) е програма за стручни работници од странство кои ќе имаат можност да работат во Квебек, Канада. Од октомври оваа година, во програмата ќе се воведе нова онлајн алатка која ќе треба да ја олесни постапката за аплицирање.
Како и за останатите канадски програми за имиграција, така и во оваа кандидатите ќе бидат оценувани според бодовна листа, според повеќе критериуми. Поените се утврдуваат врз основа на моменталните потреби на пазарот на труд. Оние кандидати кои ќе сакаат да заминат во Канада со брачниот партнер, ќе треба да имаат повеќе поени.

Воведувањето на новата онлајн алатка ќе треба да овозможи полесно пренесување и обработка на апликациите. Кандидатите побрзо ќе добиваат одговор на поднесеното барање, нивните апликации веднаш ќе бидат обработени, а онлајн системот ќе биде во можност брзо да утврди недостаток на одредени документи и автоматски да ги алармира кандидатите. Генерално, онлајн системот ќе може да ја заврши половина од постапката. Ова е добра вест за сите оние кои се заинтересирани да аплицираат, но имале тешкотии при пополнување на потребните формулари.

За повеќе иформации за емигрирање во Квебек, кликнете тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија