Нова европска „жртва“: Единствената фабрика за челик во Баварија запре поради цените на енергијата

Поради поскапувањето на струјата во Германија, фабриката за челик Лех-Шталверке во баварскиот град Мајтинген го прекина производството, пишува Deutsche Wirtschafts Nachrichten.

Компанијата соопшти дека сега е „економски неизводливо“ да се работи.

Исто така, германскиот концерн за челик ThyssenKrup AG пријави повеќекратно зголемување на трошоците за електрична енергија.

Концернот ThyssenKrup AG објави дека во последните 6 месеци неговите трошоци за гас и електрична енергија надминале сто милиони.

Лех-Шталверке произведува повеќе од милион тони градежен материјал годишно и троши енергија колку град со 300.000 жители. Покрај вработените во подружниците, производниот погон вработува и повеќе од 1.000 работници.

Лех-Шталверке е единствената фабрика за челик во Баварија.

Овие фабрики кои користат електрична енергија за топење на старо железо трошат многу повеќе енергија од оние што користат традиционални високи печки, кои користат железна руда и јаглен кокс.