Од денес дозволен влез во ЕУ за овие земји

Во очекување на денешната одлука на Европската комисија за отворање на границите за трети земји од 1 јули, се помали се шансите тоа да важи и за граѓаните на Република Македонија. Бројките се далеку над просекот во ЕУ.

Денес земјите членки на ЕУ треба да постигнат договор за првата листа од 14 трети земји, од каде влезот треба да биде дозволен повторно од 1 јули.

Земјите на ЕУ треба да се договорат за првиот список на трети земји од кои влезот треба да биде дозволен повторно од 1 јули.

До саботата навечер, многу држави дадоа позитивна изјава за привремениот список што амбасадорите на ЕУ го договорија во петокот.

По азбучен ред ова се 14те земји на кои ќе им биди дозволен влез во ЕУ: Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Канада, Мароко, Црна Гора, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

Нажалост Република Македонија ја нема на листата што значи дека ќе мораме да чекаме до следното ажурирање кое ќе биди за две недели.

Списокот треба да се ажурира на секои две недели за да се земе предвид динамиката на пандемијата. Тој претставува препорака за државите на ЕУ и четирите придружни држави во Шенген-зоната.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија