Како наставник 20 години „ме давеа“ со тоа дека наставникот треба да го поттикнува и поддржува ученот во школувањето. Со саати сум плачела ако учениците ми добиеле единици на писмена. Сум си ја „јадела душата“ со мислата каде сум погрешила и зошто не сум добар наставник па сите ученици да ми знаат за петка.
Инспектори и самото општество ми ја наметнуваа тезата дека само неуспешен наставник има ученици со единици.
Е па, драги мои, дојдете во Шведска и уверете се дека тоа е лага – го зборувам ова кажано од главен педагог од школото каде што учи ќерка ми и лично од неа.
Во Шведска учениците имаат многу права. Ученикот може да спие на час и наставникот нема да го предупреди да го слуша ( битно е само да е присутен на час, ако не е веднаш ќе се јават да прашаат зошто го нема ).
Ученикот слободно може да дојде на училиште по пижами и влечки ( со влечки одат пола од учениците), ученикот НЕ СМЕЕ да биде прашан од наставникот ако не крева рака, ученикот може да не прави тест ако тој ден не е РАСПОЛОЖЕН да прави….. и ред други за мене незамисливи работи.
Ама….. наставникот „уво го боли“ за поддршка и поттик на ученикот.Тој предава, на располагање има од најсовремените микроскопи до машини за обработка на дрво и по стотина топки во салата за физичко, тој е креативен, интересен и достапен за прашања од учениците ама САМО за време на часот, а не и на одморот, тој води евиденција и пишува извештаи за секое дете АМА тој ниту го поддржува ниту го критикува ученикот ( главниот педагог на школото ми го кажа ова) ). Едноставно секое дете учи толку колку што сака и според неговите можности, а наставникот е коректен и само си ја врши својата работа.
Е ама сега идат на ред националните тестирања. Таму – секому по заслуга. Знаеш – си добиваш повеке бодови и имаш право да одиш во средно во некоја подобра насока. Ако бодовите ти се помали, оди да учиш занает, а ако немаш доволно бодови тогаш НЕ СЕ ЗАПИШУВАШ во средно таа година.
Можеби ќе се запишеш следната или на 35 години ( средните училишта за возрасни се полни со луѓе кои решиле да завршат средно на 40 години. И тоа не е срамота.
Швеѓаните сметаат дека секој различно созрева и на секој треба да му се даде шанса за учење ( голем дел од Швеѓаните го прекинуваат средното во втората, трета година и почнуваат да работат ). АМА никој не смее да обвини наставник дека не предава како треба или да се побуни за оценката што ја пишал. Наставникот е ГЛАВЕН за сцојот предмет и тука нема дискусија.
Наставникот има готови часови подготвени од советниците. Наставниците не се занимаваат со емоционалните проблеми на уцениците ( ако некое дете има таков проблем си оди кај психологот а не кај класниот раководител или учителката), на наставникот не смееш ни да помислиш да му се јавиш на телефон после работно време, а за викенд да не правиме муабет.
Дека на наставникот му е лесно – не му е.Во секое одделение минимум една третина од учениците се странци. Секое дете доаѓа од семејство со различна култура и наставникот треба да внимава ученикот никогаш да не се почувствува навреден тој, неговата култура или не дај Боже неговата религија. Мора да смислув индивидуални планови за работа со секое од овие деца, мора да применува десетици различни приоди за работа на час, да е „експерт“ за компјутери итн, итн..
Ама неговото работно време завршува во 4 и толку, тој ја заборава работата, не ја носи дома и се посветува на семејството иако земја прилично солидна плата. И никој не го нарекува неработник, за нив тоа е некултурно.
А ете, пак, на сите тестирања се во топ 10 земји за образование. Ај малку да ги копираме нив и во третманот на наставниците за конечно наставникот во Мк да се почувстува како човек. Мислам дека е време.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска