Откажани стотици летови во Германија поради штрајкот на персоналот за обезбедување на аеродромите

Масовни откажувања на летови се очекуваат и на аеродромите во Берлин, Бремен, Келн/Бон, Дизелдорф, Хановер и Штутгарт

БЕРЛИН (АА) – Стотици летови се откажани денеска на главните германски аеродроми поради штрајкот на персоналот за обезбедување, кои бараат зголемување на платите и подобрување на условите за работа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Аеродромот Франкфурт денеска прима само транзитни патници, бидејќи безбедносните контролни пунктови за патниците се затворени во текот на целиот ден.

Поради еднодневниот штрајк откажани се и речиси сите летови од аеродромот во Хамбург.

Масовни откажувања на летови се очекуваат и на аеродромите во Берлин, Бремен, Келн/Бон, Дизелдорф, Хановер и Штутгарт.

Од патниците се бара да ја контактираат својата авио-компанија или тур-операторот пред да тргнат кон аеродромот, за да се информираат за моменталниот статус на својот лет.

Синдикатот „Ver.di“ кој претставува околу 25.000 работници од обезбедувањето бара зголемување на платите и подобрувања на условите за работа.

Последните преговори за плати помеѓу синдикатот и Федерално здружение на компании за воздухопловна безбедност (BDLS) се одржаа минатата недела во Берлин, но завршија без договор.

За четврток е најавена нова рунда на преговори која треба да се одржи во Франкфурт.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија